ВИДЕО – „Чин 4 Сцена 5“ ја одржаа премиерата на претставата „Глупа заебана птица“

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Училиштето за театар од Прилеп, „Чин 4 Сцена 5“, вчера со почеток во 20 часот во Домот за култура „Марко Цепенков“ ја одржа премиерата на претставата со едно доста провокативно име – „Глупа заебана птица“. Претставата „Глупа заебана птица“ е модерна адаптација на чеховиот „Галеб“. Според режисерот на претставата, Саша Нацевски, таа глупа заебана птица сме всушност сите ние кои сме како галеби, кои ги сметаат како стаорци на небото, кои серат на луѓето и не им е гајле за ништо и се грижат само за себе и за своите малечки.

 

 

„Името на претставата е провокативно со цел да се предизвика реакција кај публиката. А глупата заебана птица сме всушност сите ние. Ние сме оној „Галеб“ кој што Чехов го опишува во својата драма според која и е направена адаптацијата на оваа претстава. Глупата заебана птица сме сите ние кои сме себични и летаме над сите високо и сереме над сите луѓе кои се обидуваат да ни ја пружат љубовта, а ние не им ја возвраќаме. Како општество не можеме да функционираме без маски, моето мислење е така бидејќи луѓето ќе се исплашат од она ќе го видат под маската. Како и од она што ќе им биде изговорено, кажано или пренесено како чувство ќе биде поразително за двете страни. И токму заради тоа во еден микрокосмички свет ставаме маски, почнувајќи од самото утро, па се до крајот на денот. И постојано адаптираме нови маски, нови варијации, но опасноста е тоа што од толку многу маски што ставаме можеме да заборавиме кој е под таа маска, можеме да го заборавиме нашиот идентитет како личност“, вели Саша Нацевскии, режисер.

 

Главната порака на претставата била дека љубовта е најголемата движечка сила која што го движи општеството, но тоа не значело дека била најдобрата. Претставата се подготвувала 2 месеци, а во неа учествуваат 10 актери од Училиштетот за театар од Прилеп, „Чин 4 Сцена 5“.

 

„Во оваа претстава се работи за љубовна приказна каде сите се жалат и патат за тоа што им се случува во животот. Во претставата секој од ликовите има еден искрено што го сака, но тие не ја гледаат цело време реалноста и трчаат по некој друг и цело време сакаат да бидат во центарот на вниманието“, рече Иво Ездик, актер.

 

„Со оваа претстава сакаме да ги кажеме негативните страни на општеството. Преку претставата ги искажуваме сите тие негативни страни. Има невозвратена љубов, како се соочува всушност поединецот на невозвратена љубов бидејќи никогаш нема да го признае тоа. За недостатоците на нашето општество. Всушност ги глумиме работите кои ги прикажуваме, не го чусвтвуваме тоа“, истакна Теодора Велкоска, актер.

 

Освен премиерата на „Глупа заебана птица“ на 25-ти „Чин 4 сцена 5“ имаат завршна претстава на средната „В“ група при училиштето, која е насловена „Како се гледа претстава“, која што е составена од неколку делови монолози и интерпретативни танци и едночинка која се вика „Правилно однесување на публиката“. Исто така влезени биле и во конкуренција и на 55-тиот Драмски аматерски фестивал во Кочани со претставата „600 613 каде ми се другарите“, каде ќе настапат на 30 мај.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи