ВИДЕО – Над 500 учесници на 13-тата по ред манифестација „Сите на велосипед“ во Прилеп

По традиционален 13-ти пат во Прилеп по повод празникот на сесловенските просветители „Св. Кирил и Методиј“ се одржа манифестацијата „Сите на велосипед“, чија цел е промоција на заштитата на животната средина, велосипедите и здравиот начин на живот.

 

 

„Велосипедот е многу брзо превозно средство за низ град, можеш да се снајдеп брзо и здраво е да се вози точак“, вели Андреј Ристески, учесник на „Сите на велосипед“.

 

„Го сакам велосипедот бидејќи е рекреација и интересно е“, рече Бисера Пирганоска, учесник на „Сите на велосипед“.

 

„Најчесто возам со мојот татко на повеќе велосипедски тури како „Критиична маса“, на оваа тура, претходно бев на „Mariovo Off Road experience“, истакна Елена Јандреоски, учесник на „Сите на велосипед“.

 

На оваа рекреативна тура која се возеше од Прилеп до спортскиот аеродром до Мало Коњари учествуваа над 500 учесници.

 

„Точаците ги менувам имам за и за downhill имам и roadbike, значи гии користам не само за на улициа туку возам и на планиина“, кажа Дејан Димески, учесник на „Сите на велосипед“

 

Манифестацијата ја организира велосиепдскиот клуб „Илинден“, Сојузот на училишни спортови и Општина Прилеп.

 

„Порака граѓаните да го користат велосипедот што повеќе можат затоа што е добар за здравјето, побрзо ќе заврршат работа“, вели Драган Димитриоски, велосипедски клуб „Илинден“.

 

„Понатаму секогаш ќе стигнете на правата дестинација во градот побрзо од било кое превозно средство, исто тука е и еколошкиот и финансискиот аспект“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.

 

Награди добија најмладиот и највозрасниот учесник на оваа велосипедска тура.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи