Владика Пимен: МПЦ нема да го смени името на црквата – таа го отсликува идентитетот на народот

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

„МПЦ нема да прифати ново име. Името на  Македонска православна црква се врзува со нашиот идентитет, а не со мноштвото на народи кои ги имаме. Црквата треба да стои над политиката и нема да посегне по тој чекор да го промени своето име, затоа што имаме национално име како Македонска православна црква“, истакна  Владиката Пимен, на свечената литургија во катедралната црква Света Софија по повод одбележувањето на 1000 годишнината од постоењето ан охридската архиепископија.

 

Архиепископот г.г. Стефан потенцира дека постоењето на МПЦ не претствува закана за другите помесни цркви.

 

И покрај поканата од страна на МПЦ до сите цркви од нашето опкружување ниту една од нив не испрати претставник на овој значаен јубилеј во Охрид.

 

Инаку чествувањето по повод јубилејот продолжува од месец мај па се до декември со бројни културни научни образовни и спортски настани како на локално така и на државно ниво ќе се одбележува еден милениум од постоењето на Охридскта архиепископија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи