Доживотен затвор за двајца поранешни југословенски разузнавачи

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Врховниот суд на Германија со седиште во Карлсруе ги потврди казните доживотен затвор за Јосип Перковиќ и Здравко Мустач, поранешни припадници на хрватската и на југословенската тајна служба.

 

ХРТ, повикувајќи се на свои извори, јави дека одлуката за ревизија на постапката е со датум од 2 мај, а датумот за испраќање е денешен.

 

На 3 август 2016 година висок суд во Михен ги осуди двајцата агенти на југословенската тајна служба на доживотен затвор поради учество во убиство на хрватски емигрант во Германија во 1983 година.

 

Перковиќ и Мустач беа испорачани во Германија врз основа на европски налог за апсење. Судењето во Михен траеше 22 месеца и потоа нивната одбрана вложи жалби.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи