Меси: Би ја заменил титулата на Барса за титула на Светското првенство со Аргентина

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Селекцијата на Аргентина во периодот од 2014 до 2016 година загуби три големи финалиња. Еднаш тоа беше на Светското првенство, а два пати на континенталниот шампионат на Јужна Америка, поради што Лео Меси, макар и на кратко, се повлече од тимот на гаучосите.

 

Сепак, петкратниот освојувач на Златната топка се врати во националниот тим, со уште поголема решеност, да остави свој траг во овој силен состав кој го има Аргентина. Првата ѕвезда на Барселона и репрезентацијата на Аргентина, силно се надева дека Русија за него и неговата генерација ќе биде златна.

 

Фудбалерот на Барселона истакна дека една титула на Барселона доколку можел би ставил на трампа, за со Аргентина да го освои Мундијалот, што ќе го направи сигурно еден од најдобрите фудбалери во историјата на овој спорт.

„Уникатно е да се освои Мундијал и таа титула. Сигурно дека би прифатил да менувам титула освоена со Барселона, за оваа со Аргентина. Тренираме напорно, се подготвуваме за Мундијалот, се надеваме на успех“, истакна Меси.

 

Аргентина двапати беше светски шампион, во 1978 и во 1986 година, а во Јужна Америка немаат титула од 1993 година. Од тогаш, загубија дури четири финалиња, од нив два пати на Мундијалите во Италија (1990) и во Бразил (2014 година).

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи