Вооружен напаѓач уби три лица во центарот на Лиеж, Белгија

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Утрово околу 10 часот и 30 минути во белгискиот град Лиеж се случи престрелка помеѓу 36-годишен маж и двајца полицајци. Мажот кој првично на себе имал само нож успеал да го украде огненото оружје на еден од полицајците, по што ги застрелал и избегнал. Во престрелката загинал уште еден случаен минувач, а повредени се најмалку уште две лица.

 

Мажот потоа се упатил кон училиште во близина и земал жена за заложничка. По едночасовна драма, напаѓачот бил убиен, а децата кои биле во училиштето се безбедни. Певеќето белгиски медиуми исто така пренесоа дека во моментите пред неговата смрт, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.

 

За сега не се познати причините за овој чин, но судски и полициски извори брифираат дека престрелката која се случи во Лиеж најверојатно е терористичко дело. Полицијата најави повеќе детали во текот на денот.

 

Медиумите објавија дека напаѓачот е Бенжамин Херман, роден 1982 година. Тој во понеделникот бил пуштен од затвор, се сметал за маргинален и насилен, но не бил познат за терористички дела или по насилна радикализација.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи