Голден Стејт е вториот финалист

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Актуелниот првак во НБА лигата, Голден Стејт ќе го брани трофејот во најелитната кошаркарска лига откако во 7. меч во Хјустон забележа победа од 102-91.

 

Избраниците на Стиф Кер натпреварот го решија во третата четвртина која ја добија со 33:15. Ова за „воините“ е четврто финале во низа, а таму силите ќе ги одмерат со истиот противник како и минатите четири пати – Кливленд, односно екипата на Леброн Џејмс.

 

Хјустон го загуби мечот поради лошиот шут за три, што беше нивно главно оружје оваа сезона. Домаќините од средината на втората четвртина па до средината на четвртиот период имаа 27 промашени шута во низа. Според ЕСПН ова е рекорд за натпревар одигра во плеј-офот. „Ракетите“ го завршија мечот со 7 од 44 за три поени, и со ваква статистика нема што да се бара против тим од калибарот на Голден Стејт.

Најефикасен во победничкиот тим беше Кевин Дурант со 34 поени, а покрај тоа имаше и пет скокови и исто толку асистенции. Одличен беше и Стеф Кари на кого му фалеше еден скок за трипл – дабл, 27 поени, девет скокови и десет асистенции. На спротивната страна, Џејмс Харден забележа 32 поени, додека Ерик Гордон го заврши мечот со 23 коша.
Финалето со Кливленд стартува во четврток навечер.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Липо ласер и спа капсула за прв пат во Прилеп

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи