Премиерот Зоран Заев заедно со министрите пред споменикот на Ослободителите на град Скопје, во дворот на Владата одржа прес конференција на која ги кажа сите проекти на владата по една година од преземањето на власта. Заев најави дека на веб страницата на Владата ќе биде објавен документ за сработеното како „365 промени за 365 дена“.
Според него, нема веќе етнички и партиски поделби, а сите промени ги направиле во име на граѓаните, со цел Македонија да биде земја на сите граѓани.
„Ја кренавме Македонија како отворена, стабилна, земја на можности на пет столба, секој ден македонија се менува на подобро. Македонија е земја на економски раст и раст на плати. Повеќе пари кај граѓаните. Градиме држава по европски правила“, рече Заев.
Во однос на судстото, Заев рече дека е започната темелна реформа за враќање на вербата во институциите, за правна сигурност и заштита на правата и слободите на граѓните. Како придобика од една година владеење тој рече дека е и професионализација на јавната адинистрација како сервис на граѓаните.
Тој се осврна и на законот за употреба на јазиците, со кој како што рече не само што се обезбедува соодветна употреба на македонскиот јазик, туку се обезбедува и правична употреба на јазиците на остатите заедници во земјата.
Во однос на политиката кон соседите, тој рече дека Македонија конечно има одлични односи со сите 5 соседи, и притоа го истакна Договорот со Бугарија и тековните преговири со Грција за решавање на спорот.
Заев истакна дека Македонија чекори кон Европската Унија и НАТО, а се решаваат и спорови, но се зајакнува и идентитетот.
„Не сме биле поблиску до решение, никогаш не било поголемо пријателството на земјите. Идентитетот на Македонците е потврден. На македонија и треба лидерство и чекор напред, не само празни зборови. Ќе има референдум, граѓаните го имаат последниот збор. Вистински патриоти се оние кои ја носат Македонија напред. Со решавање на спорот, влегуваме во НАТО. Регионот не смее да си дозволи чекор назад. Македонија е на вистински пат, темелните реформи се признаени од сите земји од ЕУ. Му покажавме на светот дека политичката криза е зад нас“, рече Заев.