СЈО сака надлежност и за случаите од висока корупција

Facebook
Twitter
Email
Print

Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска најави дека СЈО и во иднина ќе отвора истраги во Македонија и додаде оти се надева дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена и на случаи од висока корупција.

 

„Се надеваме дека надлежноста на СЈО ќе биде проширена и на случаите од висока корупција. Потребно е законско решение за измена на законодавството за да се осигури дека СЈО ќе има трајна основа за продолжување за својата работа“, рече денеска Ристоска на конференцијата организирана од Институтот за европска политика ЕПИ, за поглавјето 23.

 

Таа додаде дека имале голем број предистражни постапки со меѓународен елемент и сето тоа го одолжувало моментот за одлуки.

 

„Иновативноста што ја донесе СЈО, новите концепти на тимска работа и мултидисциплинарен пристап на истрагите ние првпат ги промовиравме. При еден ваков пристап мошне важно е да има инклузивност и соработка со сите институции. Најзначајната карактеристика на СЈО е токму автономијата. СЈО ги поседува потребните капацитети за борба против криминалот и реформите нема да бидат целосни ако не се опфати и СЈО“, рече Ристоска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи