ВИДЕО – Со позајмени пари му купи торта на синот за роденден, живот во вистинска мизерија

Живот во вистинска мизерија, услови кои се под секое човечко достоинство. Куќата им е пред распаѓање, кога врне внатре течи вода, немаат пари да ги поправат искршените прозорци низ кои сега гранките од дрвјата им влегуваат дома. Во ваква беда живее 54 годишниот Симе Ризески од прилепското село Загорани заедно со неговиот 10 годишен син, кој утре ќе слави роденден.

 

 

„Никаква друга помош немаме, во тешки условии живееме, еве утре му е роденден, а јас немам пари да му купам торта. Се позајмив пари, 500 денари, да му купам торта за да не го делам од другите дечиња“, вели Симе Ризески, жител на с. Загорани.

 

Сопругата му починала, а лани и неговата мајка. Сега вели дека буквално немаат помош никого.

 

„Купи ден крпи, некогаш трпи, некогаш крпи. Навистина сум разочаран од животот поради тоа што немам пари за живот“, додава Ризески.

 

Ризески потенцира дека единствена светла точка во животот му е неговиот син.

 

„Тој е одличен ученик, но татко му не е одличен, бидејќи нема пари да му даде“, истакнува Ризески.

 

Со години барал помош од Центарот за социјална работа, но бил одбиван поради тоа што имал приход од млекото кое го продава од 3-те крави.

 

„Ако мислат дека се живее од 3-те крави јас ќе им ги подарам само да ми дадат пристојни примаќа за живот. Јас месечно добивам 450 литри млеко, по 16 денари литар, а некогаш и помалку ми го плаќаат, значи месечно добивам околу 7.000 денаери. Кажете ми вие дали се живее со 7.000 денари. Да платиш струја, вода, ѓубрарина, ами каде се другите трошоции ?, вели Ризески.

 

 

Од Центарот за социјална работа велат дека биле запознаени со случајот, но според законот не му следувала никаква парична помош бидејќи имал примања.

 

„Апелирам до сите институции да ми помогнат, немора поради мене туку заради детето да мии помогнат“, додава Ризески.

 

Ризески се надева дека надлежните ќе го слушнат неговиот апел и дека ќе му помогнат со синот да имаат пристојни услови за живот.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien