ВИДЕО – РОМА СОС : Општина Прилеп го нема исполнето ветувањето за уредување на Дабнички канал иако парите и се префрлени

Иако околу 1,5 милион денари лани во декември од Владата беа префрлени на сметка на Општина Прилеп за уредување на Дабнички канал истото се уште не е реализирано. Со ваков став излезе НВО РОМА СОС од Прилеп на 7-мата по ред јавна дискусија која се организираше во кино Мис Стон како дел од иницијативата Ромски Граѓански парламент.

 

 

„Во однос на Дабнички канал ние забележавме дека општината повторно се јави да го исчисти отпадот на Дабничка река и со најава дека го исполнува ветеното. Но тоа не е ветеното. Ветеното е да се постави ограда, да се асфалтира улицата, ветеното е да се постават контејнери, и соодвтена сигнализација околу овој дел на градот. Меѓутоа иако на сметката на општината ги има овие средства, овие средства не се искористени, не е исполнето ветувањето. Во однос на капиталните инвестиции во населбата Тризла најголема е информацијата која се однесува на доделените 2,5 милиони денари од Влада на Македонија во декември 2017 година, кои се префрлија на сметката на Општината и од истите околу 1 милион денари се искористени за зајакнување на напонот за струја во населбата „Три багреми“. А додека остатокот од 1,5 милион денари се предвидени да се искористат за уредување на Дабнички канал“, изјави Несиме Салиоска, извршен директор на НВО РОМА СОС Прилеп.

 

Од Рома СОС истакнаа и тоа дека со оваа инвестиција не биле предвидени и поставување на легални приклучоци за електрична енергија за населението во населбата „Три багреми“.

 

„Во делот на зајакнување на напонот мора да се потенцира дека со оваа инвестиција не се предвидени и поставување на легални приклучоци за населението, односно истите ќе треба да поднесат барање до ЕВН и да приложат кон барањето исто така и имотен лист или потврда за започнување на постапката за легализација на објектот и на тој начин да обезбедат услови за легален приклучок но и да го платат истиот тој приклучок, односно плаќањето на приклучокот е на нивна сметка, нема да биде обезбедено од страна на државата или општината. Тоа е дилема која што се јавува изминатиов период и ние на тој начин сакаме да ја расчистиме таа дилема“, додаде Салиоска.

 

Исто така голем дел од граѓаните ги немале комплетирано барањата за легалчизација, а со тоа постоела опасност да се надмине законскиот рок голем дел од населението да остане без имотни листови.

 

„Во делот на легализација на бесправно изградените објекти, 30.06. е законскиот рок со кој што граѓаните требаше да ги комплетираат сите барања за легализација на бесправно изградените објекти. Но досега од она што го имаме забележано на терен голем дел од граѓаните ги немаат комплетирано барањата. Значи ќе го надминат законскиот рок и се уште ќе има голем дел од населението кое што ќе остане со диво изградени објекти, односно без имотни листови. А дополнително 30.12 е законскиот рок преку кој што нови бројчиња или нови барања граѓаните ќе можат да обезбедат за легализација на бесправно изградените објекти, меѓутоа сега имаме нова состојба со поднесување на овие нови барања ќе треба исто така да се достави и целокупната документација, односно геодетски елаборат и сите пропратни документи за кои што населението не е доволно информирано во моментов и загрижени сме дека ќе успеат во соглчасност на временската рамка да поднесат барање за нови бројчиња, односно за легализација на диво изградените објекти“, потенцираше Салиоска.

 

Од Општина Прилеп пак велат дека од префрлените 2,5 милиони денари, 1,7 милион денари биле наменети за подобрување на напонот за струја во населбата „Три Багреми“ и изградба на трафостаница, а додека пак за останатите средства во тек била постапка за нивна пренамена и најадекватно искористување во корист на граѓаните на Тризла.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи