Голден Стејт на чекор до нова шампионска титула

Facebook
Twitter
Email
Print

Голден Стејт е блиску до освојување на втората шампионска титула во НБА. Екипата од Калифорнија победи во третиот натпревар во големото финале против Кливленд со резултат 110-102, со што го зголеми резултатот на 3-0.

 

Кливленд одлично го почна натпреварот, на средината од втората четвртина имаше и највисоки +13, но „Воините“ како и на најголемиот дел од мечевите, се вратија во игра во третата четвртина. Завршниот периот беше прилично возбудлив и неизвесен, двата тима постојано се менуваа во водство се до самиот финиш кога гостите направија решавачка серија.

 

Кевин Дурант мечот го заврши со 43 поени, што е негов личен рекорд за натпревар од плејофот. Тој исто така придодаде и 13 скокови и седум асистенции. Кари уфрли само 11 поени, а по 10 имаа Грин, Мекги, Томспон и Бел.

 

На спротивната страна Леброн Џејмс  забележа трипл-дабл учинок од 33 поени, 10 сккови и 11 асистенции, но и ова не беше доволно за Кливленд колку толку да остане во трката за шампионскиот трофеј. Кевин Лав уфрли 20 поени.

 

 

Четвртиот натпревар во финалето се игра ноќта измеѓу петок и сабота во три часот по полноќ.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи