ОБНОВЕНО – ВИДЕО : Запален автомобил на пратеникот на СДСМ, Хари Локвенец

Синоќа околу 23 часот е запалено возилото на пратеникот од СДСМ во Собранието на Република Македонија, Хари Локвенец. Во телефонскиот разговор Локвенец само ни го потврди настанот, кој се случил синоќа пред неговата зграда на улица „Кеј 9-ти Септември“ во населбата Ѓогдере во Прилеп, но не сакаше повеќе ништо коментира.

 

 

Од СВР Битола го потврдија настанот дека непознат сторител го опожарил патничкото возило „Мини Купер“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на таткото на Хари Локвенец. Но од полицијата освен оваа информација не откриваат повеќе детали околу настанот и само потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Од екипата на територијалната противпожарна единица од Прилеп изјавија дека повикот за пожар го примиле синоќа во 23.08 минути, а завршиле со гаснењето во 23.51 минута. Возилото било опожарено на паркингот пред зградата, а тие на терен излегле со едно возило и тројца пожарникари.

 

Дознаваме дека претходно обиди за гаснење на пожарот имало од страна на соседите на Локвенец со против пожарен апарат.

 

Инаку Локвенец вчера присуствуваше во Преспа на потпишувањето на договорот со Грција, кој го потпишаа министрите за надворешни работи на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на кој беа присутни и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Истрагата треба да потврди дали палењето на возилото има некаква поврзаност со потпишувањето на вчерашниот договор.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи