Мијалков бара спас во аболицијата на Иванов

Facebook
Twitter
Email
Print

Поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, побара спас во аболицијата на претседателот Ѓорге Иванов, односно неговиот адвокат денеска пред Кривичниот суд инсистираше да не му се суди за нелегалноито масовно прислушување во „Таргет и Тврдина, бидејќи бил помилуван.

 

„Судот да донесе решение за запирање на постапката кон обвинетиот Сашо Мијалков со кое ја запира постапката против него“, рече адвокатот Љупчо Шврговски.

 

На Мијалков му се суди за предметот „Таргет-Тврдина“. Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година, незаконски биле следени 4.286 телефонски броја за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или 5.827 телефонски броја. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

 

На денешното рочиште за овој предмет, судот одлучи да ја раздвои постапката за екс-министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, а исто така во одвоена постапка ќе им се суди и на бегалците, екс функционери во Тајната полиција, Горан Грујевски и Никола Бошковски.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи