Постигнат е договор за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонија и Германија постигнаа договор за признавање на возачките дозволи. Договорот меѓу страните ги вклучува сите видови, односно категории на дозволи.,

 

Владата на РМ денес ја одобри Декларацијата за заемно и реципрочно признавање на возачките дозволи со Германија, без да мора повторно полагање за возачка дозвола пред германските власти. Од МВР велат дека договорот ќе стапи во сила по меѓусебното потпишување.

 

„Ова претставува последна фаза пред потпишување на Декларацијата од страна на двајцата министри, со што таа и официјално би стапила на сила. Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината)“, се вели во соопштението на Владата на РМ.

 

Македонските државјани што живеат во Германија чиј вкупен број надминува 100.000 со нетрпение го чекаат договорот да се потпише и да стапи на сила.

 

Македонските возачки дозволи актуелно се признаени во седум држави, а во подготовка е и таков договор со Косово.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи