Утре започнува 44-тиот Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Околу 250 исполнители на изворни инструменти и песни ќе настапат на годинашниов 44. Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“ што ќе се одржува утре и в сабота, на 29 и на 30 јуни во Прилеп и во Долнени. Според Златко Лашкоски, секретар на Фестивалот сѐ е подготвено за новото фестивалски издание зашто оваа национална манифестација е единствена од ваков вид што го негува и го зачувува изворниот мелос како културно и фолклорно богатство.

 

„Подготвени сме да ги пречекаме упесниците. Очекуваме околу 250 учесници од цела Македонија. Направивме да биде програмата интересна. Утревечер, на отворањето во Прилеп ќе настапат групи од западниот дел од Македонија и од Прилеп. В сабота, на Рудина кај Долнени ќе настапат натпреварувачите од источниот дел на Македонија. Очекуваме високо ниво на Фестивалот и да докажеме уште еднаш дека овој фестива, единствен од ваков вид, го заслужува тоа. А тоа се возвраќа преку учеството на млади, нови талентирани музичари на изворниот мелос“, рече Лашкоски.

 

Лашкоски најавува дека догодина, за јубилејното фестивалско издание може да се отвори школа за изучување на гајдата, посветена на основачот на Фестивалот – светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски, но и како потсетување дека Долнени, лулката на гајдаџиството на времето имал десетици гајдачии, а сега ниту еден.

 

 

По петти пат од понеделникот до утре, петок, се одржува Семинарот за изучување на народните инструменти и песни какодел од Фестивалот. Етномузикологот Горан Василевски вели дека интересот е голем, а годинава Семинарот се одржува во спомен-куѓата во Долнени.

 

„Очекувавме 7-8 учесници, а се пријавија 16. Тоа се млади, ученици од училиштето од Долнени. Годинава ги вклучивме младите кои немаат, како досега, посебно изкуство во изворниот мелос. Пријатно сум изненаден дека се успешни. Својата програма ќе ја претстават на Фестивалот,“ рече Василески.

 

Уметничкиот директор и селектор на фестивалот, професор д-р Родна Величковска вели дека морало да се направи селекцијата од околу 500 пријавени, а задовоство е што изворниот мелос се негува кај младите.

 

„Интересно е дека сѐ повеќе имаме млади-талентирани изведувачи. А учесниците се, буквално од 7 до 77 години, па можеби и постари. Имаме групи кои за првпат доаѓаат на Фестивалот. Најбитно е што импресионираат со програмата со која ќе учествуваат. Бевме во потрага по млада група која првпат доаѓа“, вели Величковска.

 

 

 

 

Според членот на извршниот одбор на Фестивалот Весна Атанасовска Вучиќ, негувањето на изворниот фолклор пред 44 години беше тежок почеток, но денес сите настојувања се вредни.

 

„Сега е полесно. Сите сме свои на своето. Сега има услови, а ентузијазмот никогаш не смее да не напушти. Мораме да ги мотивираме младите, зашто најсилни сме со мајчиниот јазик и со традицијата. Низ светот ја шириме традицијата, а македонската традиција е богата, и по тоа сме препознаени“, вели Атанасовска Вучиќ.

 

 

 

Манифестацијата е финансирана од Министерството за култура, со финансиска поддршка од прилепската локална самопуправа и со логистичка и морална поддршка на општина Долнени. Доколку временските прилики не одговараат отворањето на фестивалот утрвечер ќе биде во домот на културата „Марко Цепенков, а в сабота во општинската сала на Долнени.

 

В сабота во Долнени е натпреварувачкиот дел. Жири комисијата на Фестивалот ќе ги оценува и ќе ги награди најдобрите настапи. Ќе ги додели Гран при наградата за најдобри учесници и гајдата на Пеце Атанасовскиза најдобриот гајдаџија која ја обезбедува општина Долнени. Лани, за прв пат се изгради амфитеатар на Рудина кај Долнени и се уреди просторот за учесниците.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи