ВИДЕО – Крушево доби Инфо центар за параглајдинг, летово се закажани околу 10 меѓународни натпревари

Крушево полека, но сигурно станува една од најдобрите параглајдинг дестинациии во Европа. Само за ова лето закажани околу 10 меѓународни натпревари и се очекува Крушево да го посетат околу 3.000 туристии поврзани со овој спорт. Токму поради тоа денеска се отвори Инфо центар за параглајдиинг.

 

 

„Крушево станува светска број 1 дестинација за параглајдинг и змајарство. За тоа сведочат безброј меѓународни натпревари кои досега се организираа тука и се поголем број на слободнии летачи кои доаѓаат во Крушево“, вели Игор Тодевски, од параглајдинг клуб Крушево.

 

Туристите тука ќе можат да добиваат информациии за сите авантуристиичкии спортови кои ги негува Крушево.

 

„Веќе имаме закажано неколку меѓународни натпревари со параглајдерство, од 8 јули започнува европското и светското првенство во змајарство“, изјави Томе Христоски, градоначалник на Крушево.

 

Крушево станува дестиинација за 4 сезони, која посетуваат гости 365 дена во текот на годината.

 

„Ова година треба да имаме помеѓу 20% и 30% зголемување на бројот на туристи во Македонија, а кога станува збор за Kрушево очекуваме зголемување на бројот на ноќевања“, истакна Љупчо Јаневски, директор на Агенција за промоција и поддршка на туризмот.

 

Викендов Крушево се очекува да го посетат 500 гости на фестивалот „When in Krusevo“ каде се планира да има планинарски, велосипедски и кајак тури, концерти и забави.

 

„Гостите може да се рекреираат на аутдор спортовите како што се планинарство, параглајдиинг, велосипедизам, да се забавуваат со концертите, но и да се запознаат со дел од културата на Крушево, бидејќи со картата е вклучена и посета на музеи“, кажа Антонио Кузманоски, организатор на „When in Krusevo“.

 

Во недела ќе има промотивни тандем летови за сите посетители кои сакаат да летаат.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи