Иако „Еурокомпозит“ 10 дена е во штрајк Владата воопшто не ги контактирала

Иако на 20-ти овој месец стапивме во штрајк од Владата до денеска никој не нема воопшто контактирано. Се чувствуваме крајно изиграни од оние кои ни ветуваа дека за 3 месеци ќе ја решат состојбата во оваа државна фирма. Ова денеска го изјави претседателот на синдиикатот на „Еурокомпозит“ , Роберт Богданоски.

 

„За 4 месеци имаме добијано само 17.000 денари плата. Последно наместо цела плата ни исплатија само 7.000 денари. Исто така на почетокот од мај добивме ветување дека во рок од 3 месеци целосно ќе биде решен проблемот со нашата компанија, но досега нема ништо од тоа. Нема да започнеме со работа се додека конечно не се реши проблемот. Нема повеќе да се лажеме како досега со ветување дека ќе добиеме плата, ова е веќе премногу, не се издржува. Ни ветија дека и првииот месец околу 100 мина ќе заминат технолошкии вишок, но и од тоа нема ништо. По се изгледа сакаа само да ги тргнеме шаторите од пред Влада и ни ветуваа се и сешто. Но повеќе нема да биде така, од наредната недела одиме во Скопје со нов штрајк пред Влада и не се враќаме од таму се додека конечно и вистински  не се решии проблемот со Еуркомпозит“, вели претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“ , Роберт Богданоски.

 

Вработените во „Еурокомпозит“ немаат добиено 17 плати и придонесите не им се платени од јуни 2012 година.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи