Леброн Џејмс потпиша за Лос Анџелес Лејкерс!

Најдобриот кошаркар на денешницата, Леброн Џејмс во наредните четири сезони ќе игра за Лос Анџелес Лејкерс откако стави потпис надоговор вреден 153,3 милиони долари.

 

Трансферот го соопшти неговата агенција „Клуч Спортс“ која информира дека е постигнат четиригодишен договор вреден 153,3 милиони долари, со тоа што последната година од договорот е опционална и зависи од желбата на Леброн.

Леброн по секунда ќе заработува 1.22 долари

За минута заработката ќе изнесува 73.25 долари

На част ќе добива по 4.394 долари

Дневно ќе биде побогат за  105.479 долари

Неделно во својот џеб ќе стави 740.384 долари

Месечно пак ќе инкасира 3.208.333 милиони долари

Што значи дека годишно сумата е 38.5 милиони евра.

Леброн Џејмс од 2003 до 2010 играше за Кливленд, потоа беше член на Мајами 2010-2014 и пак се врати во Кливленд од 2014-2018 година.

 

За Леброн ова е огромен потег каде за првпат ке настапи во Западната конференција по одиграни 15 сезони на Истокот.

 

Покрај трите шампионски титули, четирипати беше прогласен и за МВП на сезоната.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien