Туку што родено бебе вчера било оставено пред домот за доенчиња во Битола. Како што информира полицијата бебето пред вратата на домот околу 23.45 часот го нашол 50 годишен битолчанец кој веднаш ја известил полицијата.
По пријавата, полицијата заедно со надлежни лица од Центарот за социјални работи бебето го однеле на Одделението за неонатологија во битолската Болница.
Социјален работник излегол на местото и извршил разговор со З.Б., а новороденчето било оставено во домот за доенчиња. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Бебето е згрижено во Домот за доенчиња, а истрагата продолжува.