Филмско бегство на затвореник во Франција по кого сега трагаат 3000 полицајци

Facebook
Twitter
Email
Print

Повеќе од 3000 полицајци и жандарми трагаат по избеганиот затвореник Редом Фајд, кој од затвор побегнал со хеликоптер.

 

Неколку минути по 11 часот три вооружени мажи во црно, за кои француската влада вели дека се командоси,  стигнале пред затворот во местото Рео, во кој Фајд ја издржувал 25- годишната казна затвор поради убиство на полицајка во вооружен грабеж.

 

Трите соучесници  излегле од хеликоптер кој слетал во необезбедениот затворски двор.

 

Командосите го извлекле Фајд од просторијата за состаноци, во која тој имал средба со својот брат и го одвеле до хеликоптерот , наведува „Фигаро“ , истакнувајќи дека бегството траело 10 –тина минути.

 

60 километри од затворот , бегалецот излегол од хеликоптерот и влегол во црн „меган“ , побегнувајќи во правец на автопатот, а потоа преминал во бел камионет по што му се губи трагата.

 

Инаку, пилотот на хеликоптерот, кој бил инструктор по летање  синоќа бил киднапиран од страна на соучесниците во бегството.

 

Инаку против Фрајд франсуското обвинителство  отворило истрага, а семејството на убиената полицајка  рекло дека „станува збор за голем криминалец кој , кога ќе реши да излезе, излегува, и дека сега најверојатно ќе се премета со своите непријатели“.

 

За време на ова филмско бегство на 46 годишниот Фајд никој не бил повреден, соопшти француското министерство за правда.

 

Ова не е првото спектакуларно бегство на Фајд од затвор, тој во 2013 со помош на експлозија побегнал од затвор, за шест недели подоцна да биде уапсен во еден хотел и вратен во затвор.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи