Богданоски : Анѓушев сака повторно со една плата да не избрка од Скопје, тоа нема да се случи

Пред малку имавме средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев на која воопшто ништо не се договоривме. Тој повторно со истите стари ветувања да добиеме сега една плата сакаше да не избрка дома во Прилеп, но тоа нема да се случи. Ова го изјави Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит. Вработените во оваа државна компанија денеска повторно дојдоа на протести пред Влада, откако Владата и по 2.5 месеци не превзеде ништо за решавање на проблемите во компанијата.

 

„Анѓушев повторно ни ветуваше да добиеме една плата и да го прекинеме штрајкот и настапи со истите ветувања дека за 3 месеци од сега ќе се решел проблемот. А за жал истото ни го вети и пред 3 месеци, а од тогаш се нема мрднато ниту со прст. Од Нова година до сега имаме добиено само околу 20.000 денари. Постапката што ја ветија дека ќе се започне со отпуштање на вработените како техношлошки вишок и таа не е започната. Пред 2.5 месеци ветија дека фирмата ќе се продаде на некој инвеститор, а сега ни велат дека за тоа требало проценка да направи консултантска куќа, па да се распише тендер, и сето тоа ќе трае повеќе од 5-6 месеци. Ова се само празни ветувања“, рече Богданоски.

 

Вработените немаат земено 18 плати, а придонесите не им се платени од јуни 2012 година.

 

„Побаравме од Анѓушев да се зголеми вредноста акциите на фирмата со траен влог, но тоа од Владата не го прифаќаат. Доколклу ова се спроведе ќе може да нии се исплатат барем придонесите, но по се изгледа и за ова се нема волја“, додаде Богданоски.

 

Вработените во Еурокомпозит велат дека нема да си одат од пред Влада се додека конечно не им се реши проблемот. Бараат средба со премиерот Заев. Дел пак од вработените во Еурокомпозит денеска протестираа во Прилеп и го блокираа центарот на градот. Премиерот Заев иако денеска беше во Прилеп, по се изгледа не сакаше да се сретне со нив.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи