Тајландските деца заглавени во пештерата се здрави и расположени, извлекувањето се уште невозможно

Facebook
Twitter
Email
Print

По 11 дена заробени во пештера, слаби, изменоштени, 12-те млади тајлански фудбалери на возраст од 11 до 16 години и нивниот 25 годишен тренер, завиткани во фолии, велат дека се чуствуваат добро.

 

Нуркачите од кралската тајландска морнарица кои стигнаа до децата им ги лекуваат малите повреди. Тие стигнаа до нив пред два дена, но подземјите води не им дозволуваат да ги извлечат од пештерскиот комплекс там Лаунг на север на Тајланд.

 

Метеоролозите прогнозираат дека наскоро монсунските дождови, кои моментално се прекинати, ќе продолжат, што значи дека нивото на водата ќе се крене и децата и нивниот тренер можеби ќе мора да останат под земја уште четири месеци, додека монсунската сезона не заврши.

 

Спасувачите сега мора да одлучат како најдобро да ја извлечат групата, а предупредиле дека тоа би можело да потрае.

 

Гувернерот на покраината Чаинг Рај вели дека децата имаат храна и потребните лекови. Извлекувањето може да започне кога ќе завршат подготовките за нуркање.

 

„Некои од момчињата се обидоа со маски за дишење, но се уште не влегле во вода. Како што веќе реков, водостојот е доста силен и ќе биде ризично сега да влезат во водата. За тие кои не се нуркачи тешко да стават и маска. Затоа најпрво им дозволивме да вежбаат со маските за дишење. Ако прашувате колку пати тие нуркале, не можам да ви кажам, бидејќи тоа се нема случено“, вели гувернерот Наронгсак Осатанакорн.

 

Британецот Бен Рејменд кој им помага на тајланските спасувачки екипи рече дека децата најверојатно влегле во пештерскиот комплекс за да извршат обред популарен меѓу момчињата и да ги стават свои потписи на ѕидовите но дека потоа водата ги заробила. За време на сезоната на дождови пештерскиот комплекс Там Лаунг е запранет за посета. Спасувачите сега се обидуваат да ги извлечат децата од пештерата во која се засолниле, а која се наоѓа на четири километри од влезот на пештерскиот комплекс.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи