Витаминка и Владо Јаневски го промовираа спотот за песната Главен град на тагата

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Најновата песна на нашата музичка легенда Владо Јаневски,„Главен град на тагата“, доби и видео запис кој претставува уште еден резултат на соработката меѓу Витаминка и Јаневски. Спотот претставува и заеднички настап што ќе помогне за подобра промоција на Владо и Витаминка, како најсилни македонски бренда. Дадената поддршка од Витаминка е во насока на протежирање на македонската авторска музика и поттикнување на поголема креативност во музичката индустрија.

 

Владо Јаневски, кој важи за комплетен автор на најубавите и безвременски стихови од македонската поп музика, се потпишува како композитор и текстописец на песната, така што„Главен град на тагата“ е уште една во низата музички изданија  која сигурно ќе биде слушан летен хит.

 

„Песната во себе носи убави и позитивни емоции, урбана приказна, ведар спот со  поддршка од бевзременски бренд како што е Витаминка. Значењето е уште поголемо затоа што не е само поддршка за мене како автор и уметник, туку е истовремено за македонската поп музика во целина. За нашата домашна музика би било добро и други компании да го следат примерот на Витаминка, која е синоним за квалитет, вредност и постојаност, бидејќи така поголем број убави македонски песни полесно ќе допрат до публиката“, изјави Владо Јаневски.

 

Песната „Главен град на тагата“ е уште едно авторско дело на Владо Јаневски, со аранжман на Роберт Билбилов и во продукција на Дарко Димитров. Режијата на спотот е потпишана од Бане Поповиќ, а продукцијата на видеото е на Томато. Спотот е сниман во текот на јуни во Скопје на познати градски локации преку кои се пренесува и летната атмосфера, љубовта и младешкиот дух со кои зрачи и песната.

 

„Главен град на тагата“ е третата песна на Владо Јаневски чиј спот е снимен со поддршката од Витаминка по спотовите за песните „Ајде води ме“ и „Последна заблуда“. Под закрила на Витаминка и Авалон, Владо ќе одржи голем концепт во Античкиот театар во Охрид на 2Август.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи