Азар испиша мундијалска историја, израмни рекорд стар 52 години

Facebook
Twitter
Email
Print

Фудбалската репрезентација на Белгија обезбеди место меѓу четирите најдобри на светот, откако синоќа со 2-1 го доби четвртфиналниот дуел со фаворизираниот Бразил.

 

„Црвените ѓаволи“ не се усплашија од петкратниот светски првак, а еден од најдобрите на теренот беше Еден Азар, кој одигра како вистински капитен. Иако директно не учествуваше во погодоците на својата репрезентација, Азар успеа да израмни рекорд стар 52 години.

Ѕвездата на Челзи против Бразил имаше десет успешни од десет обиди за  дриблинг, со што израмни рекорд на СП кој е поставен во далечната 1966 година.
Кога во прашање се дриблинзите, најуспешен во ова поле во историјата е легендарниот Џеј Џеј Окоча, кој на СП 1994 година во САД на мечот со Италија имаше дури 15 успешни дриблинзи, но не и 100% учинок.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Play Video

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи