Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

Македонскиот поп пејач и актер Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“, информираат од МВР.

 

Според првичните информации, кај починатиот Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски.

„Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта“, наведува ОЈО во соопштението.

 

Влатко Илиевски беше роден на 2 јули 1985 година во Скопје. Со неговата 12 годишна возраст тој започнал да свири на гитара во локалните скопски бендови. Првите посериозни почетоци му биле со групата„Made in Macedonia“ во 2000 година кога освоиле две награди.

 

Во 2000 година, македонскиот рок бенд „Морал“ му понуди на Влатко Илиевски да се приклучи на бендот. Во 2001 година тие ги снимија своите први песни, а во 2003 година го завршија својот албум „Кога патувам“. Албумот е составен од песните: „Панично те сакам“, „Скопје“, „Ти си“, „Ова е Македонија“ и „А ти ме убиваш“. Во 2005 година „Морал“ беа и  предгрупа на концертот на „Дип Парпл“ (Deep Purple) во Скопје.

 

Во 2011 година Влатко Илиевски ја претсавуваше Македонија на Евровизија во Германија со песната „Русинка“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien