Шваjцарија: Репрезентацијата да биде без играчи со двојни државјанства

Однесувањето на швајцарските фудбалски репрезентативци од албанско потекло Ѓердан Шаќири и Гранит Џака на Светкото првенство во Русија, предизвика дебата во швајцарската јавност за играчите со двојни државјанства, а во Фудбалската федерација на Швајцарија размислуваат во иднина оние кои ќе играат за репрезентацијата да мора да се откажат од другиот пасош.

 

Швајцарските медиуми наведуваат дека Федерацијата е под притисок на јавноста и се наоѓа во ситуација да мора да дејствува.

 

Иако во швајцарската репрезентација играат фудбалери кои потекнуваат од повеќе држави, дискусијата беше покрената пред се заради однесувањето на Шаќири и Џака на Светското првенство во Русија.

 

Генералниот секретар на Фудбалската федерација на Швајцарија, Алекс Мишер, смета дека во иднина двојните државјани не треба да играат за репрезентацијата и дека мора да се одлучат за едно од државјанствата.

 

„Овој инцидент покажува дека постои одреден проблем во репрезентацијата на Швајцарија и мораме да го решиме под итно. Двојните државјанства создаваат проблем во сите сфери на швајцарското друштво, не само во фудбалот. Постојат социјални разлики и се прашувам дали Швајцарија може да постави некакви граници? Да претпоставиме дека нашата селекција ќе игра на следното СП каде ќе бидат и Босна, Хрватска, Албанија, како и некои африкански земји. Голем број од нив веќе ги направивме играчи за сите овие години и со тоа мора да се престане“, порача Мајшер.

 

Тој додаде дека во иднина Федерацијата ќе ги поддржува само младите фудбалери кои поседуваат еден пасош.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien