Сѐ уште нема членови на ДИК, партиите без договор за составот

Facebook
Twitter
Email
Print

ВМРО-ДПМНЕ ќе бара да се продолжат роковите во Изборниот законик за избор на нов состав на Државната изборна комисија, иако постапката за избор на членовите на највисокото изборно тело веќе е почната. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски тврди дека постојните измени на Изборниот законик кои беа донесени во мај повеќе не важат. Според него, изборот на ДИК требало да заврши до 29 мај.

 

Дополнително, опозицијата бара пред да се избере составот, да се донесат и договорените измени во законот за финасирање на политички партии и законот за влада во кој ќе се вметне техничката влада 100 дена пред избори.

 

Власта пак тврди дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи целиот процес.

 

Огласот за нов состав на ДИК Џафери го објави на почетокот на јуни, а заврши пред повеќе од две недели. Целата постапка застана кога партиите требаше да пријават кои од кандидатите се нивни фаворити.

 

Се чека да заседава Комисијата за избори и именувања која ја води Илија Димовски, за потоа Џафери да закаже и пленарна седница. Неофицијално, Џафери ќе го чека Димовски за да закаже седница уште два до три дена, потоа самиот ќе одреди претседавач на Комисијата. Крајниот рок кој го дава собранискит спикер за избор на ДИК е 17 јули.

 

Според Изборниот законик, ДИК се избира со 2/3 мноизнство што значи дека власта со овој распоред на силите не ќе може да го избере највисокото изборно тело без поддршка на опозциската ВМРО-ДПМНЕ

 

41 кандидат се јавија на огласот за нов состав на ДИК. Мандатот на највисокотот изборно тело, според партиските договори, ќе трае шест месеци. Главна задача на овој состав ќе биде да го Oрганизира референдумот за името на есен.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи