ВИДЕО: Извлечени уште четири момчиња од пештерата во Тајланд

Facebook
Twitter
Email
Print

Четири деца денеска се извлечени од пештерата во Тајланд, со што вкупниот број на спасени изнесува осум, објави Си Ен Ен повикувајќи се на очевидец кој е дел од спасувачките операции стационирани на влезот во пештерата. Уште четири деца и нивниот 25-годишен тренер остануваат во пештерата во Тајланд.

 

Властите соопштија дека спасувачката акција за денеска е завршена и дека ќе продолжи утре.

 

Периодов целиот свет ја следи драма во тајландската пештера, каде монсунските дождови на 23-ти јуни заробија 12 деца и нивниот фудбалски тренер.

 

И покрај неизвесноста изгледа драматичната ситуација ќе има среќна завршница.

 

Сепак загрижуваат информациите од метеоролозите, кои очекуваат невремето проследено со обилни врнежи да продолжи и денеска. Властите се во вистинска трка со времето бидејќи во пештерата почнува да снемува и кислород.

 

Во пештерата работат 90 нуркачи – 40 од Тајланд и 50 странски. Тие ги водат децата низ темнината и потопените ходници кон излезот. Патувањето е исцрпувачко, вклучува одење, ползење, качување и нуркање по претходно поставените јажиња за водење. Децата носат целосни маски за почетници, а секое го придружуваат двајца нуркачи што му го носат канистерот со кислород. Најтешкиот дел е на половина пат – „Т-спојката“ е најтесното место и нуркачите мораат да ги симнат резервоарите за да поминат. Зад неа е третата комора со камп за одмот пред последната, полесна етапа до излезот. Во меѓувреме, генијот на Тесла Илон Маск, тестира алуминиумска подморница во базен и ако помине успешно, ќе биде пратена во Тајланд, каде што властите ја побарале ако наидат на пречки.

 

Како изгледа спасувачката акција за извлекување на момчињата од пештерата:

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи