ЈКП „Комуналец“ со препораки за време на фестивалот на пивото и скарата

По повод 16-от по ред фестивал на пиво „Пиво фест 2018“, сите служби се на располагање во наредните четири фестивалски дена. ЈКП „Комуналец“  издаде согласност  за поставување на  времени локации за собирање  и отстранување  на отпад, одржување на хигиена за време на настанот од 10.07.2018 до 16.07.2018 год. до 14 час. ЈКП „Комуналец“ за време на фестивалот, ќе врши собирање, селекција, транспортирање и депонирање на отпадот. Во истиот период  ќе врши  чистење и миење на  просторот. За овој временски период од комуналното претпријатије велат дека секојдневно ќе бидат ангажирани околу  60 лица, возила за подигање на отпад, патнички возила и две цистерни.

 

Единицата за селекција на отпад ќе започнува со работа во 03:00 часот наутро, единиците за јавна хигиена, паркови и зеленило од 04:00 часот, додека единицата за подигање, транспортирање и депонирање на отпад  ќе започне со работа во 05:00 часот наутро.  Досегашните поставени контејнери и корпи за отпадоци од централното градско подрачје се дислоцирани по барање на МВР.

 

Тековно се врши комплетно перење на улиците, тротоарите и плоштадите во централното градско подрачје, како и темелно чистење и миење на  улиците:  „Александар Македонски“,   „Пити Гули“ ,  булевар „Гоце Делчев“, „Цар  Самоил“, „Димо Наредникот“, „Марксова“, „Егејска“,  „Ленин“, „Мице Козар“, ‘ „Васко Карангелески“, „11 октомври“ и дел од улицата „Кузман Јосифоски“.

 

ЈКП „Комуналец“ е одговорен за одржување на хигиената  на сите јавни простори, но не и на просторот внатре во штандовите.  Сопствениците на штандови во нивниот закупен простор, треба да ја одржуваат хигиента. Организаторот има доставено барање, со кое ги информира сопствениците на штандовите дека чистењето и метењето на штандовите, треба да го извршат рано наутро, отпадот да биде собран во проѕирни  најлонски вреќи, согласно со правилата на МВР и препорака да не се изнесува отпадот околу штандовите и до дрворедите. Ова затоа што, подигачите на отпад  ќе поминуваат на секој штанд поединечно на половина час и должни се да го предадат отпадот на лицето вработено во ЈКП „Комуналец“.

 

Сопствениците на штандови се должни да набават проѕирни најлонски вреќи за отпад, согласно со правилата  од МВР. Големи контејнери се поставени  позади објектите на: „Комерцијална банка“ –филија Прилеп, зад Бизнис центарот и после семафорите, од спротивна страна на улицата  кај „Палма шоп“ (на празниот простор  кај стара сендвичара).  Сопствениците на штандови,  според препораките на ЈК „Комуналец“, доколку немаат можност  да  ги одолжат вреќите со собран отпад  во контејнерите за време на  ноќната забава, тоа треба да го направат по 02:00 часот и тоа до  дрвјата од  дрворедите, откаде што ќе ги собираат комуналните работници.

 

Паркирање на  возила, дотур на стоки и паркирање на разладни возила да не се врши во зелените површини. Да се внимава со секој транспорт да не се уништуваат  патеките, ивичниците и зелените површини.

 

Организаторите се должни да постават  ред со дивите продавачи  и тезги кои неконтролирано ги уништуваат зелените површини, да го информираат Центарот за јавно здравје, да извршува секојдневна  дезинфекција на просторот околу  времено поcтавените WC, по миењето на просторот  со цистерна.  Дезинфекцијата ќе се извршува секој ден во 07:00 часот наутро.

 

По  завршувањето на манифестацијата  ќе се изврши комплетно генерално чистење на  просторот, каде се одржува  манифестацијата, а зелените површини за 20 дена ќе се доведат во првобитната состојба.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи