Вкупно 204 луѓе загинаа во поплавите во Јапонија, а 54 лица се водат како исчезнати, соопшти генералниот секретар на владата, Јошихиде Суга. Над 7.000 луѓе сѐ уште се наоѓаат во евакуациските центри, а голем број ги немаат ни основните намирници по најголемата временска катастрофа во последните 40 години.
За спасување на населението ангажирани се над 70 илјади војници, полицајци и пожарникари, на кои им се приклучија и 5.000 волонтери.
Во најголемите поплави во последниот половина век најмногу настрада Хирошима, каде што е урнат еден железнички мост, како и префектурата Ехиме на остворот Шикоку.
113