Фетаи побара притвор за Груевски поради неговото доцнење

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи, на денешното рочиште за случајот „Насилство во Центар“, познат и како „Шамари во Центар“, побарала притвор за обвинетиот поранешен премиер Никола Груевски.

 

Груевски доцнел 15 минути и на денешното рочиште за „Насилство во Центар“, во коj е првообвинет. Токму затоа, Фетаи побарала притвор за него, или пак, полицијата да го спроведува до Судот.

 

„Според член 380 став 3 од Законот за кривична постапка, треба да биде приведен, ова не е во ред“, рече Фетаи.

 

Во предметот обвинети се поранешниот премиер Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс советничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште деветмина други лица.

 

На претходните рочишта за овој предмет, вина признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни. За седмообвинетиот Димче Крстев, пак, се води одвоена постапка.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи