ВИДЕО – Мицкоски : Референдумот може да се случи, но и да не се случи, наместо живот дојде пекол за граѓаните, ништо од ветувањатa

Го поминавме пазарот, се поздравивме со голем број граѓани, остваривме контакт, разговаравме за актуелностите. За жал секаде можам да констатирам еден заеднички заклучок од овие заеднички средби, а тоа е дека наместо живот, дојде пекол за граѓаните во РМ“, изјави при денешната посета на Прилеп, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

 

„Од оние метафори, од оние ветувања кои што се случуваа во предизборните кампањи и во локалните избори, но и предвремените парламентарни избори, за жал се случи едно големо нула, дури и назадување на голем број процеси. Разочараноста кај граѓаните е очигледна. Тоа е она што е реалност во РМ, наспроти оние скапо платени кампањи и пропаганди што деновиве ги гледаме на телевизиите во РМ, но и на интернет порталите. За жал сочувствувам со она што го чувствуваат нашите граѓани, бидејќи јас сум дел од нив, сите ние како ВМРО-ДПМНЕ, како народна партија сме дел од нив, помеѓу граѓаните, сочувствуваме со болката, со разочараноста која ја чувствуваат и во име на тоа се овие средби, каде што ќе добиеме навигација за да ја изготвиме програмата, која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира пред македонската јавност, програма што ќе даде голем број одговори на сите оние реални проблеми што ги чувствуваат граѓаните. Да даде одговори како да се постигне поквалитетен живот, како да напредува македонската економија, како да се обезбедат поголем број квалитетни работни места, силно платени работни места, да се донесат поголем број странски инвеститори, но и да се обезбеди клима за домашните инвеститори. Како да направиме повеќе реформи во образованието, како да ги направиме социјалата и здравството конкурентни. Тоа се оние предизвици кои што за нас живот значат и се главен мотив затоа што се занимаваме со оваа професија, а тоа е политиката“,истакна Мицкоски.

 

 

 

 

Мицкоски рече дека политиката и политичарите не треба да се професија, во политиката требало да дојдат нови луѓе, луѓе што кога ќе ветат да си стојат на зборот и она што ќе го кажат да го исполнат.

 

„Тоа се луѓе кои што постигнале во својот живот и достигнале до одредени цели, зацртале цели, така да треба истите тие луѓе да бидат дел од политичките случувања во РМ. Политичарите кои што лажат, политичарите на кои не може да им се верува многу скоро ќе станат минато на политичката сцена. Ја користам и оваа прилика овде, во градот херој да ја искоментирам изјавата на претседателот на Владата, господинот Зоран Заев кога се обиде на сопствен начин да употреби хумор и начинот на однесување на опозицијата да го поистовети со адолесцентно однесување. Не знам дали господинот премиер ја знае вистинската смисла на зборот адолесцентно, но доколку опозицијата не се чувствува комотно и не чувствува доверба од страна на Владата, дека Владата има капацитет да спроведе демократски избори, тогаш не знам како може да биде толку убеден дека она што опозицијата го има, но и она што Владата како политика го има ќе гарантира еден, ако се случи, успешен референдум, на кој граѓаните ќе треба да го дадат своето мислење по некое прашање кое се уште не е дефинирано. Опозицијата е принципиелна за она што веќе го има договорено. Ние како политичка партија водиме принципелна, чиста и искрена политика. Таа се темели на принципи. Не смееме да го гледаме прашањето на ДИК како издвоено прашање, напротив прашањето за избор на ДИК мора да се гледа во целина со претходните закони, кои опозицијата заедно со Владата ги донесоа, а тоа се оние реформски гласови, што значи добивање на позитивна препорака за отпочнување на преговорите со ЕУ. Втора интерација во тој синџир што тогаш го договоривме беше носење на закон за финансирање на политичките партии, но исто така и формирање на техничка влада 100 дена пред изборите. Дури потоа доаѓа до комплетирање на ДИК. Така што навистина нашата реакција на нивната акција, во случајов обидот на хумористичен начин да се прикаже однесувањето на опозицијата не би ја коментирал, освен да кажам дека навистина сме разочарани од првиот најповикан да биде најсериозен помеѓу граѓаните, а тоа е господинот Зоран Заев“, рече Мицкоски.

 

За претстојниот референдум Мицкоски изјави дека сите опции биле отворени и тој можел да се случи, но и да не се случи.

 

„Се додека не се распише постојат многу веројатности, сите опции се отворени, и да се случи и да не се случи. Така што се до оној момент додека референдумот не биде распишан, се до оној момент додека не биде дефинирано референдумското прашање, сите опции се отворени. Распишување на референдум знаете го прави мнозинството во парламентот, тоа значи 61 пратеник. ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, во моментот во Собранието има 48 пратаници, тоа е помалку од останатите 72 пратеника. Влатата односно парламентарното мнозинство е она кое што во овој момент може да распише референдум и за тоа им се потребни минимум 61 пратеник. Но донесувањето на владеачкото мнозинство подразбира и реактивно однесување на опозицијата, така што ќе повторам уште еднаш, реакцијата на опозицијата е само одговор на акцијата од страна на Владата. Тие се на потег, да видиме дали постои добра воља да се обезбедат фер и демоткратски услови најпрвин доколку има, за случување на еден референдум, а дури потоа кога ќе се случат дали ќе бидат редовни или предвремени парламентарни избори, да опозицијата се чувствува комотно да земе учество на едни такви избори“, потенцираше Мицкоски.

 

Мицкоски изјави дека не смее ДИК да се разгледува како издвоено прашање. Тоа било дел од еден поголем пакет, кој започнал со таканаречените реформски закони кои што беа усвоени уште во март/април оваа година, каде што опозицијата учествувала во нивното креирање, но и понатаму во нивното усвојување кога се врати после неколку месечното отсуство во парламентот.

 

„Втора интерација во целокупната таа процедура, а тогаш веќе договорена и прифатена од страна на Владата, беше и носењето на Законот за финансирање на политички партии и измените во Законот за Влада, каде што треба да се дефинираат истите оние услови кои ги имаше опозицијата за време на предвремените парламентарни избори во 2016 година, па дури потоа на дневен ред доаѓаше формирањето и изборот на ДИК и ќе ми дозволите уште еднаш од тука од Прилеп да ги демантирам сите оние инсинуации, сите оние тенденциозни шпекулации кои што определени структури имаат за цел да ги нанесат на мене лично и на ВМРО-ДПМНЕ дека наводно уценуваме со некаква амнестија. Не, амнестијата е издвоена од целокупниот овој процес, амнестијата е посебен процес во кој што ВМРО-ДПМНЕ во консултација со партиските структури ќе достави закон во рамките на собранието за понатамошно негово разгледување и ќе инситираме на негово усвојување. Но тоа не е дел од овој пакет. Овој пакет започна со реформските закони, потоа на дневен ред требаше да дојде Законот за финансирање на политички партии, измените во Законот за Влада, што ќе гарантира фер и демократски услови, бидејќи видовме за време на локалните избори дека оваа влада нема капацитет да спроведе фер и демократски услови, а понатаму дури на дневен ред ќе дојде точката за формирање на ДИК“, изјави Мицкоски.

 

 

За настаните за 27 април Мицкоски рече дека станува збор за политички монтиран процес.

 

„Закон за амнестија за сите оние граѓани на РМ кои што се опфатени со случувањата на 27 април, бидејќи очигледно е дека станува збор за политички мотивиран случај. Видовте таму дека луѓе кои и воопшто не учествувале беа држани во притвор повеќе месеци, како што беше случајот со оние првите 10 мина кои што беа обвинети за обидот за убиство на господинот Села. Потоа видовме луѓе кои се осудени минимум 10 ипол години, а максимум 13 ипол години, а за ист таков случај пресудите се движат помеѓу 4-5-6 години. Седум ипол видовте се донесе пресуда за обид за убиство на еден поранешен министер и заменик претседател на Владата, кога ВМРО-ДПМНЕ ја формираше владата. Имаме пресуди во минатото каде што луѓе ги загубија за жал своите животи, како што беше случајот во Охрид, а тој кој што го сторил ова дело беше осуден на 6 години затвор. Гледаме убиство во Скопје, за жал се уште се трага по третиот осомничен за тој немил настан. Гледаме повторно обиди за убиство и физичко насилство, а луѓето поминуваат со укори и засилен надзор и мониторинг на социјални работници. Гледаме луѓе кои на очиглед на македонската јавност бараат мито за работа која што по службена должност треба да ја завршат, а се ослободени. Очигледна е тенденцијата, тенденцијата е силниот притисок кој владеачкото мнозинство го врши врз судството да изрече вака драконски казни, со што би се втерал страв кај граѓаните во РМ, кај сите оние неистомисленици со оваа власт, да не помислуваат да протестираат, да не помислуваат да го изразуваат револтот на овие погрешни анационални и антидржавни политики, кои ги прави оваа Влада предводена од СДС и Зоран Заев. Да станат пасивни, да се демотивираат и да може сето она кое што некои го замислиле, да го протуркаат. Генерално тоа беше мотивот и ВМРО-ДПМНЕ  ќе постапи согласно заклучоците кои ќе ги донесат партиските органи. Јас реков како претседател на првата следна седница на извршниот комитет, на централниот комитет, на следниот состанок со пратеничката група ќе го предложам ова, да видиме како ќе се развиваат настаните. Очекувам да добијам поддршка, да го изготвиме тој закон и потоа истиот да го поднесеме до Собранието на РМ“, додаде Мицкоски.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи