ВИДЕО – Локвенец : Со масовната посетеност граѓаните јасно покажаа дека избираат европска иднина

Граѓаните на херојски Прилеп, како и граѓаните ширум Република Македонија се сплотија и достоинствено ги прославија историските успеси на државата. Слободно и по своја волја, без притисоци и уцени граѓаните се обединија околу националните интереси и го прославија огромниот успех, поканата за влез во НАТО и датум за почеток на преговори со ЕУ. Ова го истакна на денешната прес конференција Хари Локвенец, пратеник од редовите на СДСМ.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Со масовната посетеност граѓаните јасно и недвосмислено покажаа дека избираат европска иднина, сигурност, безбедност, подобар живот, тука во Прилеп и во Република Македонија. Сите заедно покажавме дека Македонија цврсто и одважно зачекори во новото време.

 

ВМРО-ДПМНЕ уплашени од широката граѓанска поддршка за НАТО и ЕУ со денови организираа хајка против националните и стратешки интереси на РМ. Христијан Мицкоски упорно ги продолжува деструктивните политики на Никола Груевски, политики на сеење на омраза и создавање на поделби помеѓу граѓаните, политики за кои граѓаните покажаа големо не. Со добиената покана за НАТО и ЕУ, започнува ново време за нашата земја, време на надеж, безбедност, победи, успеси.

 

Членувањето на Македонија во овие асоцијации значи силен економски раст, развој и инвестиции, како на државно, така и на локално ниво. СДСМ им заблагодарува на сите граѓани на Прилеп и Македонија, што беа дел од синоќешната прослава. Да продолжиме по патот на обединувањето околу националните и стратешки интереси на Македонија. Одиме напред, да за Македонија во НАТО и ЕУ“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи