Трамп и Путин во Хелсинки – двете супер сили сакаат подобри меѓусебни односи

Facebook
Twitter
Email
Print

Американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин ги започнаа тет-а-тет преговорите во претседателската палата во Хелсинки. Двајцата лидери изгледаа напнато, сериозно и се ракуваа само три секунди.

 

Светот сака да види дека добро се согласуваме, порача Трамп пред средбата, најавувајќи дека темите за кои ќе разговараат зад затворени врати ќе бидат и добри и лоши. Трговските врски, односите со Кина, војската, беа точките кои ги најави Трамп.

 

„Да бидеме искрени, нашите две земји не се во добри односи. Навистина мислам дека светот сака да нè види како добро се согласуваме“, кажа Трамп на средбата во Претседателската палата во Хелсинки.

 

Трамп претходно ги обвини поранешните претседатели на САД дека биле глупави што правеле тензии.

 

„Нашите односи со Русија никогаш не биле полоши, и тоа благодарение на повеќегодишна американска глупавост и сегашниот лов на вештерки“, напиша Трамп на Твитер во пресрет на самитот.

 

Оценувајќи го самитот како продолжените на нивните меѓусебни контакти, Путин нагласи дека е заинтересиран, меѓу другото, да се разговара и за неколкуте жаришта во светот што се навистина вредни за внимание.

 

Двајцата лидери ги игнорираа новинарските прашања во врска со руското мешање во американските избори во 2016-та година.

 

Средбата на двајцата лидери предизвика протести во Хелсинки. Сите со различни барања и обвинувања до нив, посебно до Трамп. Дел од нив го критикуваат за трговската политика, а про-украинските демонстранти го бодрат да ја продолжи војната против про-руските сепаратисти. Од „Гринпис“ преку 64-метарски плакат им порачаа на лидерите „Стоплете ги нашите срца, а не нашата планета“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи