Американскиот претседател, Доналд Трамп ѝ рекол на британската премиерка, Тереза Меј дека треба да ја тужи ЕУ, а не да преговара со неа, изјави Меј за Би-Би-Си.
Трамп на 13 јули на заедничка прес-конференција со Меј рече дека на британската лидерка и дал сугестија која таа ја оценила како многу „брутална.“
“Тој ми рече дека треба да ја тужам ЕУ – да не влегувам во преговори” рекла британската премиерка.
President @realDonaldTrump told me I should sue the European Union,” says Prime Minister @theresa_may#marr pic.twitter.com/LfVzMKOXMJ
— The Andrew Marr Show (@MarrShow) July 15, 2018
Таа го бранеше својот план за Брегзит и ги повика критичарите да го поддржат.