Британскиот комичар Саша Барон Коен, познат уште како Али Џи, или пак Борат, го започна својот следен проект, пародија посветена на политичкиот и културен живот на САД во ерата на Доналд Трамп.
Коен глуми серија карактери – од крајно-либералната Др. Нира Каин-Ен’Дегочело „цисџендер бел хетеросексуален маж, за што се извинува“, до Еран Морад набилдан израелски лудак по оружје кој сака да ја натера Америка да ги вооружи своите основци.
Серијата е на Шоутајм и снимана е во изминатата година и нешто, има седум епизоди, а првата беше емитувана на 15-ти јули.