Лидерска средба за референдумот во текот на утрешниот ден

Facebook
Twitter
Email
Print

Премиерот Зоран Заев најави дека утре ќе има лидерска средба за надминување на разликите со опозицијата околу референдумот, како и за консензус околу потребните реформи за побрзо затворање на поглавјата и почеток на преговарачкиот процес со Европската унија.

 

Досега работните групи ги запреа прашањата околу изборот на ДИК, законот за финансирање и политичките партии и барањето на опозицијата за техничка Влада, по теркот на Пржинскиот договор.

 

Овие теми се издигнаа на лидерско ниво, па политичките лидери ќе треба да ги усогласат позициите, особено во делот на изборот на нов состав на ДИК, што ќе треба да го спроведе референдумот, кој, според најавите, се очекува да се одржи во септември или во октомври на есен.

 

Како што кажа Заев, на заедничката прес-конференција со еврокомесарот, Хан, подготовките за средбата ќе започнат уште денеска.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи