Фирма на пратеникот Хари Локвенец добила грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации

Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации добила печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.  Парите им биле доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб.  Во изводот во Централниот регистар пишува дека станува збор за друштво со ограничена одговорност за производство, промет и услуги, со основна главнина од 5 милиони и 43 илјади денари.

 

Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст. Осумдесет домашни микро, мали и средни компании добија грантови преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. На повикот објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.

Претходно премиерот Зоран Заев на Фејсбук страната на Фондот за иновации објави :

 

 

„Особено сум горд и задоволен од одличните резултати од овој прв јавен повик на #ФИТР кој покажа дека се надминати очекувањата, а компаниите аплицирале со исклучително квалитетни проекти, напиша Заев.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien