Дали би работеле како нинџа за 73.000 евра годишно?

Ако имате избор, дали би работеле работа со 8 часа во канцеларија пред компјутер или би работеле како нинџа?

 

И тоа како вистински нинџа, трениран во Јапонија со оружје какво што нинџите навистина користеле. Единствен предизвик е да се убедите да ја проучите добро филозофијата на нинџите и да научите боречки вештини.

 

Еден мал град во Јапонија има недостиг од ваков тип на „работна сила“ и бара луѓе, кои за оваа работа ќе бидат платени 73.000 евра годишно.

 

Во градот Ига, кој се смета за родно место на нинџите, секоја година доаѓаат многу туристи за да го посетат традиционалниот фестивал на нинџи. Но, поради намалување на популацијата во ова мало гратче, фестивалот е загрозен и граѓаните се исплашени дали ќе се одржи традицијата за идните генерации.

 

Фестивалот се одржува секоја година кон крајот на април и почетокот не мај и е потег за зачувување на традицијата, но и начин за привлекување на туристи со презентирање на историјата на нинџите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи