МАН го осудува испадот на владиниот советник Марјан Забрчанец

Facebook
Twitter
Email
Print

Македонската асоцијација на медиумите (МАН) ги осудува обвинувањата и квалификациите од владиниот советник Марјан Забрчанец кон медиумите кои беа присутни на синоќешната лидерска средба во Клубот на пратеници.

 

„Не е првпат да се одржуваат лидерски средби во Клубот на пратеници и затоа изненадува реакцијата на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев и неговите советници, кои вчера ги попречија медиумите да ја извршуваат својата работа“, пишува во реакцијата на МАН.

 

Асоцијацијата го повикува министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски да ја провери подготвеноста на полицајците кои го обезбедуваат премиерот Зоран Заев, а од претседателот на Владата да ја провери, како што наведува, „подготвеноста на советникот Марјан Забрчанец да ја извршува својата работа“.

 

„Минимум што очекуваме е да им се укаже дека работа на медиумите е да известуваат секогаш и секаде, а обврска на државата е тоа право да не им го попречува. Се надеваме дека ова ќе остане изолиран и последен инцидент“, додава МАН во соопштението.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи