Одморалиштето на Хитлер е нова туристичка атракција

Напуштеното нацистичко одморалиште Прора, на брегот на Балтичкото Море, германските инвеститори го претворија во туристички центар по неколкугодишната реконструкција.

 

„Местото има официјален сертификат за дејност туризам што значи дека Прора ќе продолжи да се развива и подобрува како туристички центар“, изјави портпаролот на градската администрација во Бинка, каде што се ова идно туристичко место.

 

Гигантскиот комплекс се состои од неколку згради на шест ката во должина од 4,5 км на плажата на островот Риген, на брегот на Балтикот.

 

Три години пред почетокот на Втората светска војна, Адолф Хитлер наредил изградба на Прора како најголем туристички центар во светот, со капацитет за сместување на повеќе од 20.000 германски работници во тоа време.

 

 

Војната ги прекина овие планови, па затоа проектот бил напуштен во средината на изградбата во 1939 година.

 

Осум децении подоцна, во 2013 година, оваа локација ја презема германската градежна компанија „Метропол маркетинг”, која ја обнови Прора и ја преуреди структурата во стотици луксузни апартмани кои можат да се изнајмат или купат.

 

Во комплексот се наоѓа и хотелот, младински хотел, спа, продавници со луксузни стоки и ресторани.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи