ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: Животот во Македонија и Прилеп дојде само за СДС и неколкумина блиски до нив

Животот во Македонија дојде, но не за сите граѓани, туку само за СДС и неколкумина блиски до нив. Нивните фирми добиваат грантови државни пари, а ја запоседнаа и цела прилепска чаршија. Преку роднински и партиски врски вработија цела армија во државните и локалните институции, чија цел е протуркување на катастрофалниот договор со Грција, обвинија денес на прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

 

Кога функционерите од СДС на прес конференција велат дека животот во Македонија дошоl, забораваат да кажат дека навистина животот е дојден, но не за сите граѓани, туку за нив и неколкумина нивни најблиски, кои секој ден се вдомуваат низ јавните претпријатија и институции, додека високо образовен кадар ја напушта државава.

 

После предавството и срамниот договор со грција, во кој се бришат Македонија како држава, Македонците и македонскиот идентитет, договор за кој гласаа и прилепските пратеници Хари Локвенец и Кети Смилеска, на виделина излезе уште една срамна вистина.

 

Ненародната влада предводена од СДС, преку фондот за иновации, на Гинис ДОО ( Гинис принт 2018 ) ќе и исплати сума од речиси 10 милиони денари, или околу 160.000 евра. Дали Хари Локвенец е косопственик на оваа печатница која треба да добие ни помалку ни повеќе, со првиот бран околу 160.000 евра? Прашуваме што ќе иновира оваа печатница? Дали овие средства можеби ќе бидат наменети за печатење нови документи, кои согласно капитулантскиот договор со Грција, ќе мора да се издаваат наново? Дали можеби продажбата на името и двојазичност на цела територија, чини толку пари?

 

Македонија не памети непотизам од олкави размери. Пред скоро време, со одлука на Совет, беше изменета Одлуката за утврдување на критериуми и стандарди за поставување на урбана опрема, специјално за да можат луѓе од редовите на СДС со своите локали, да ја запоседнат речиси цела прилепска чаршија. И додека обичниот граѓанин врзува крај со крај и размислува како да го преживее денот, некои поединци се богатат на големо на грбот на народот. Дали ваквата промена се направи за да се задоволат апетитите на Сугарески и туманоски?

 

Почитувани, тоа не е се. Во локалната самоуправа, со смена на локалната власт и доаѓањето на Илија Јованоски на функцијата градоначалник, прилепчани сведочат за вработувања по партиска линија. Градоначалникот Јованоски, да излезе пред јавноста и да каже колкава е точната бројка на нововработени во локалната самоуправа после преземањето на локалната власт од СДС, и врз кој критериум се бираа истите? Дали како главен услов за вработување е роднинска врска, пример внука од сестра, блиски пријатели, активисти на шарената револуција, кои пред 2 години ја урнисаа државата и работата на сите институции? Дали ова е партиска војска која треба да помогне околу протуркување на катастрофалниот договор со Грција?

 

Штетата која се прави со секој изминат ден е огромна. Македонија и Прилеп никогаш не се наоѓале во полоша состојба. Народот се чувствува изманипулиран и прелажан. Затоа мора што поскоро ова политичко лудило да заврши. Затоа што Македоија заслужува да оди напред!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи