Лидерска – Договор за пржинска влада и за финансирање на партиите, останува уште референфумот

Facebook
Twitter
Email
Print

Лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, денеска, во Клубот на пратениците, по речиси шест  часа дебата постигнаа договор за дел од прашањата што им беа на маса.

 

Конкретно, според лидерот на СДСМ, Зоран Заев, договорени се сите детали околу техниката влада пред секои избори, според „пржинскиот модел“. За останатите отворени прашања, пак, особено за датумот и прашањето на референдумот ќе се расправа попладнево. Согласно тоа, се договоривме денеска да заврши и лидерската средба, да нема нејзино одолжување.

 

„Уште пред потпишивањето на Договорот со Грција ги прифативме условите за изборот на членовите на ДИК, усогласен беше текстот за Законот за финансирање на политичките партии, го прифативме барањето на ВМРО-ДПМНЕ за формирање на т.н. „пржинска влада“ 100 дена пред секои избори. Денеска ќе заврши лидерската средба. Овде завршивме една фаза, се враќаме на прашањето за референдумот – карактерот, датумот и прашањето“, изјави Заев.

 

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека на средбите претходно и денеска е постигнат договор по речиси сите прашања, освeн референдумот, за што уште не е разговарано.

 

„Владата се согласи на позициите на ВМРО ДПМНЕ – измени во законот за финансирање  на политичките партти и во законот за влада, односно за формирање техничка влада по теркот на Пржино пред избори. Се согласивме за процедурата која беше почната за формирање на ДИК, кои се однесуваа на смена на двотретинското со просто мнозинство, да се стопира и да се врати процедурата. Не разговаравме за референдумот, ни за карактерот, ни за прашањето. Важно е дека со овие усогласености се гарантира успешен изборен процес, било да се предвремени или редовни и опоцијата ќе може да се чувствува комонтно како и тогашната опозиција во 2016 година. Исто така и во однос на Законот за финансирање на политичките партии е исчекор кон модел за зголемена транспарентност и отчетност на финансиите на политичките партии и ќе превенира злоупотреби“, изјави Мицкоски.

 

На маса се разгледува датумот за распишување на референдумот да биде на 30 јули, а претходно да се избере ДИК и да се усвои Законот за финансисрање на партиите и измените за Законот за Влада.

 

ВМРО-ДПМНЕ се повлече од барањето за измени во Кривичниот законик што се однесуваа на амнестија за обвинетите во настаните од 27 април минатата година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи