Презентација на потфатот на Маријана и Владимир за искачувањето на покривот на Европа – врвот Елбрус

Двајцата прилепски  планинари, членови на ПК „Мамути“, кои неодамна го искачија највисокиот врв во Европа, Елбрус во Русија, одржаа јавна презентација на овој нивен потфат. Презентацијата се одржа по барање на повеќе граѓани и планинари кои сакаат подетално да се запознаат со нивните искачувања, во 2017 година врвовите Полукс  – Италија и Мон Блан – Франција, а во 2018 на Елбрус – Русија.

 

Од ПК Мамути на овој предлог излегоа во пресрет и со кратка презентација се обидоа да им доловат дел од искачувањето на овие врвови, а илустративно преку слики и видеа дополнително ги доближија нивните искуства до прилепските планинари.

На самата презентација Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски споделија дел од своите искуства, упатија препораки и излегоа во пресрет да одговорат на прашањата од страна на присутните.

 

 

На презентацијата учествуваа околу 40 лица, кои по завршувањето го изразија своето задоволство од страна на истата и напоменаа дека презентации од ваков тип треба да се прават што почесто, на поголем простор, со што на поголем број планинари и вљубеници на планинските активности ќе им се споделат веќе стекнатите искуства на првите прилепски планинари кои се трудат да навлезат во високогорството.

 

„Преку ваквиот вид на презентации веќе се влијае врз свеста и совеста на младите планинари за зачувување на природата, излегувањето во неа и безбедно движење низ планина. Планинарството е атрактивна активност која во овој период го зазема својот замав и поради тоа потребни се почести обуки, предавања и презентации за безбедно движење низ планина, соодветно користење на опрема и посочување на која опрема за какви услови е потребна. Овој период поради нестабилното време нашите планинарски тури се проретчени, но во текот на месец август, поточно на 18 август ќе присуствуваме на четвртиот по ред outdoor фестивал „Крушево низ корија“, организиран од страна на Форум за Авангардна креативност – Прилеп, во соработка со Општина Крушево и хотел Монтана Палас. Ние како клуб ќе ја предводиме планинарската тура. За сите детали околу овој настан можете да се информирате на следниот линк: https://www.facebook.com/events/193433821004444/ “, велат Ѓорѓиевска и Јованоски.

 

Како нивна следна експедиција планираат да биде искачување на врвот Аконкагва, во Јужна Америка, нешто за што ќе биде потребна поголема афирмација за собирање на потребните финансиски средства.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи