Стојковиќ ја презема претседателската функција од Јакимоска

Попладнево во просториите на Фудбалскиот клуб Победа се одржа Прес конференција на која и официјално досегашната Претседателка Ирена Јакимоска најави дека функцијата на прв човек на клубот му ја предава на екс играчот на црвено-белите и досегашен нејзин заменик Небојша Стојковиќ. Стојковиќ ќе ја преземе функцијата по формализирањето на процедурата во Централен регистар.

 

„Една од причините за свикување на прес конференцијата е моето предавње на функцијата Претседател на клубот на почитуваниот Небојша Стојковиќ Како што јавноста знае уште кога зимоска бев назначена за ВД Претседател најавив дека ќе останам на функцијата се додека во клубот не се воспостави систем и да може клубот да функционира онака како што треба. Верувам дека имаме правилен избор. Претседател кој произлегува од фудбалската фела. Ние и досега работевме заедно, ќе продолжиме и натаму заедно а јас останувам во клубот како член на бордот на директори и како еден од акционерите во ФК Победа и во секој поглед и натаму ќе го подржувам клубот и екипата во која верувам со Стојковиќ како Претседател, Јане Николоски како спортски директор и Тони Мегленски како шеф на стручниот штаб“, изјави Јакимоска.

 

Јакимоска истакна дека поради проектите за стадионот Гоце Делчев објективно оваа година Победа нема да може своите натпревари да ги игра во Прилеп, но изрази надеж дека со помош на Општината ќе биде издејствувано домашните натпревари да се играат најблиску до Прилеп-на Градскиот стадион во Битола.

 

 

 

Шефот на Стручниот штаб Тони Мегленски во своето излагање се осврна на текот на подготовките и очекувањата екипата дополнително да се воигра до пролонгираниот старт на шампионатот на 12 август. а најави ангажирање на уште двајца нови фубалери.

„За нас пролонгирањето на стартот на првенството е во вистински момент и ќе имаме дпополнително време да се воиграме во следните 2 тест натпревари. Имаме 11 нови играчи а чекаме уште двајца нови. Би се заблагодарил на управата затоа што ова лето имавме најдобри услови за подготовка. Работиме на поинаков начин досега и сме на добар пат. Знаејќи ги приликите во македонскиот фудбал пазарот е ограничен со македонски фудбалери. Се засиливме добро и ќе треба време да се ускладиме затоа што Прилеп и Победа се специфични средини и затоа пикиравме играчи кои се и добри фудбалери и добри карактери. Тоа мора едно со друго да го вклопиме Ова ќе биде последен пат да се ангажираат голем број играчи. Летово, како дел од стратегијата на Стојковиќ и Николоски, потпишувавме договори со новите играчи на 2-3 години за да работиме на подолги патеки. Но се е врзано од резултатите и успехот. Невозможно е секој преоден рок да се прави нов тим. Со ваквите ангажмани натаму би носеле само играчи како надополнување на екипата. И овој и минатите преодни рокови сме во потрага на голгетер – класичен шпиц, тоа е најдефицитарната позиција на скоро сите клубови. Стојковиќ и Николоски контактираат со повеќе менаџери фудбалери и јас се надевам дека за ден-два ќе добиеме двајца напаѓачи. Се надевам дека ќе имаме добри резултати. Задоволен сум ангажманот и трката на фудбалерите. Имаме одредени техничко-тактички проблеми но имаме доволно време максимално да се подготвиме и воиграме. Не смееме да ги заборавиме навивачите кои се наша движечка сила. Мораме да се соединиме и сплотиме да направиме солиден прволигаш кој би конкурирал за година-две и за Европа“, рече Мегленски.

 

Идниот претседател на ФК Победа Небојша Стојковиќ во своето прво обраќање како прв човек на клубот повика на соработка и подршка од сите струкури во клубот, фудбалската јавност во градов, со апел до навивачите за фер и коректно навивање.

„Би сакал да е заблагодарам на довербата на сите кои ме подржуваат за оваа функција. Без оглед колку време ќе бидам на оваа позиција можам да ветам дека со моите соработници, со целата управа ќе донесуваме одлуки во интерес на клубот. Би ја искористил приликата да ги поздравам сите навивачи и да ги повикам на фер и коректно навивање а ние ќе им вратиме со добри игри и резултати“, кажа Стојковиќ.

По вчерашниот пораз во тест натпреварот со второлигашот Кожуф во Гевгелија со 3-1, Победа подготовките ги продолжував со следен тест натпревар во среда на 1-ви август против Тиквеш во Кавадарци, а генералката е против Пелистер е во недела на 5-тти јуни во Битола.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи