Започнува увидот во Избирачкиот Список, кој и понатаму останува непрочистен

Facebook
Twitter
Email
Print

Од денеска граѓаните ќе може да направат увид во Избирачкиот список, а државјаните на Македонија кои живеат во странство ќе можат да се пријавуваат за изјаснување на референдумот закажан за 30 септември.

 

Бројот на запишани гласачи во Избирачкиот список кој од денеска па до 23 август е ставен на јавен увид, има вкупно 1.805.707. Јавниот увид ќе се врши во просторииите на подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, низ целата територија на Република Македонија, како и електронски на официјалната интернет-страница на ДИК. Увидот во подрачните одделенија и канцеларии ќе може да се врши секој ден од 9 до 19 часот, а на 23 август до 24 часот.

 

Граѓаните кои ќе ги проверуваат своите податоци во подрачните одделенија на ДИК треба со себе да носат лична карта или пасош.

 

„Електронската апликација, пак, ќе биде постојано отворена за јавен увид. Пребарувањето во апликацијата може да се врши според ЕМБГ, адреса, или име и презиме. Секој граѓанин има право да поднесе барање до Државната изборна комисија да не биде објавена неговата адреса во Избирачкиот список од безбедносни причини. Барањето граѓанинот може да го поднесе до подрачното одделение или канцеларија на Државната изборна комисија според неговото место на живеење“, додаваат од ДИК.

 

Но сепак старите проблеми останаа, на списокот и натаму се впишани починати лица и  фантомски гласачи. Сепак ДИК се оградува од обврската за бришење или запишување во списокот. Вината ја лоцираат кај граѓаните кои требало лично да дојдат и со соодветни валидни документи да докажат дека некој друг е запишан на нивната адреса на живеење. Ако тоа не го сторат и не реагираат списокот нема да претрпи промени. Според ДИК, избирачкиот спсиок се прави врз основа на податоци од МВР, Управата за водење матична книга и Основните судови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи