Концерт на Фолтин во Прилеп

Во вторник во 20 часот Јавен Простор Прилеп Ве поканува на следниот градски настан во Прилеп, а тоа е концертот на групата Фолтин. Концертот ќе се одржи во задниот двор од театарот „Војдан Чернодрински“.

 

„Групата Фолтин, многумина од нас ја сметаат за своја/наша, а причини за тоа, секако не недостигаат. Концертот го посветуваме на прилепско–битолската љубов која трае многу години и го правиме за вистинските фанови на Фолтин“, велат од Јавен Простор Прилеп.

 

Бидете и вие дел од овој настан кој како и досегашните евенти на Јавен Простор Прилеп ќе го паметите долго време. Се гледаме во вторник во 20 часот позади театарот.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи