Илјадници Романци на антивладините демонстрации против корупцијата

Facebook
Twitter
Email
Print

Илјадници Романци веќе трет ден излегоа на улиците на Букурешт со барање за оставка на Владата , која ја обвинуваат за корупција.

 

Демонстрантите протестираа и против прекумерната употреба на сила на протестите во петокот , кога беа повредени неколку стотини луѓе. Вчеравечер беа собрани нешто помалку демонстранти во споредба со петокот и саботата. Насобраните пред зградата на Парламентот ја пееја химната и со веење национални знамиња бараа оставка од владата на социјалдемократите поради корупција.

 

Европската комесарка за правда, Вера Журова, ја повикала романската влада да го преиспита најновото судско законодавство што предизвика големи протести во оваа земја, јавува германската агенција “DPA”.

 

Новата законодавна реформа ја загрозува независноста на судиите, ги ограничува овластувањата на државните обвинители и ја поткопува довербата на јавноста во правосудниот систем, изјави денеска Журова за германскиот весник “Die Welt”.

 

Во текот на последната година во Романија редовно се одржуваат антивладини протести, а најмасовен беше во февруари 2017 кога протестираа половина милион луѓе , без ниеден инцидент.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи