Кризата започна со барањето на Вашингтон за ослободување на евангелистичкиот свештеник Ендру Брансон, на кој во Турција му се суди за тероризам. Во спротивно од САД се заканија со санкции. Турскиот суд го префрли Брансон во домашен притвор по речиси 20 месеци затвор, но разочарани од неговиот континуиран притвор, Вашингтон санкционираше двајца турски министри, а потоа ги удвои тарифите за увоз на турски челик и алуминиум.

 

Работите се влошија во петокот, кога претседателот на САД, Доналд Трамп, го одобри удвојувањето на царините за челикот и алуминиумот увезен од Турција. Како последица на тоа, турската лира во однос на американскиот долар претрпе сериозен пад од околу 30 проценти.